На 7 јануари, 2018 година, почина Славчо Петров, од последици од тумор на мозокот, објавија српските медиуми.
Неговата сестра, 23 годишната Билјана Јовановиќ, за смртта на нејзиниот брат го обвини лажниот доктор, надрилекарот без никакво образование, Мирољуб Петровиќ. Таа ја раскажа потресната приказна за нејзиниот брат.
Во март минатата година докторите во Македонија му откриле тумор на мозок, кој, според Јовановиќ, бил на недостапно место тежок за операција, а првите сознанија биле дека е бинигнен. Операција била можна само во странство, но бидејќи немале пари, решиле да му се обратат на контроверзниот Мирољуб Петровиќ, кој со години оди низ Србија и држи предавања против традиционалната медицина , убедувајќи ги луѓето да се лекуваат со тревки и да се молат на Господ. Тој своите услуги ги наплаќал, па така секој совет за Билјана значеле нови од 50-до 120 евра.
Лековерните Македонци , на почеток му поверувале, посебно сестрата Билјана која живее во Крушевац, бидејќи Славчо се чувствувал подобро од разни сокови и тинктури, но по неколку недели паднал во агонија.
Сестрата на починатото момче во српските медиуми ги објави пораките кои ги разменувала со лажниот доктор, во кои тој ја убедува дека со неговите совети и молби кон Господ, сѐ ќе биде во ред и дека нема потреба да одат на лекар.
Само неколку дена по смртта на Славчо Петров, неговата сестра гостуваше во утринска програма на Прва тв, заедно со надрилекарот Петровиќ, каде ја раскажа нејзината приказна, покрај сѐ, сѐ уште нарекувајќи го лажниот лекар- доктор Петровиќ.
Неверојатно е што и новинарот му се обраќа со доктор Петровиќ.
На нејзините обвинувања, тој реагираше со зборовите ,,буздованка од Македонија, облечена како проститутка“.
Наивната Македонка слепо му верувала на надрилекарот. Против Мирољуб Петровиќ, кој воопшто нема завршено медицина, веќе е поднесена кривична пријава за лажно претставување и ширење пропаганда за невакцинирање. Овој човек смета дека жените се само машини за раѓање, со нив треба само со рака преку уста, тој смета дека наркоманите и дилерите треба да се убијат… Неверојатно е што овој шарлатан има своја емисија, држи предавања и дава онлајн совети.