Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Македонија има светска вицешампионка во хип-хоп: Нина од Прилеп со успех на само осум години!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 59 минути -

Магазин
media-libraryghfdblu6n8842QZGYki

Македонија има светска вицешампионка во хип-хоп танц, а успехот доаѓа од Прилеп. Осумгодишната Нина Талески го освои второто место на светската сцена, постигнувајќи резултат кој, според танцовото студио „Брејк а лег“, е најдобриот досега во нејзината категорија во историјата на македонскиот хип-хоп танц.

— реклама —

За големиот успех на младата прилепчанка информираа од студиото, од каде што со гордост го прославија нејзиниот настап и освоеното признание.

— реклама —

„Македонија има светски вицешампион во хип-хоп! Браво, Нина, златно девојче наше“, порачаа од „Брејк а лег“.

— реклама —

Нина, која има само осум години, успеала да се искачи меѓу најдобрите во својата категорија, а зад нејзиниот успех стои и тренерката Андријана Петковски.

Од студиото истакнуваат дека станува збор за историски резултат за македонскиот хип-хоп танц во категоријата во која се натпреварувала Нина.

Успехот на осумгодишната прилепчанка е уште едно значајно меѓународно признание за младите таленти од Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања