Во City Hall Center во МКЦ преку „Визуализација на ‘Македонски Концепт'“ беа промовирани логото и идеите на oваа нова граѓанска платформа. Еден од иницијаторите на идејата за „Македонски концепт“, Петар Богојески вели дека во платформата добредојдени сите - без разлика на етничка, верска или политичка припадност.
Според него круцијалната разлика на политичката понуда во моментов во земјава е помеѓу три програми: „Обнова за Македонија” која нуди реставрирање на минатото, „На прав пат” која што нуди да продолжиме на денешниот начин, и „Македонски Концепт” - која нуди длабоки реформи во секој поглед. Секој почеток е тежок, но за нас е предизвик. Започнуваме на база на граѓански активизам, со предкампања, вели Богојески.
Во продолжение видео од промоцијата на ‘Македонски Концепт'.
https://www.facebook.com/makedonskikoncept/videos/431055827567481/?v=431055827567481