Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) Македонското знаме подигнато пред седиштето на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zname-nase-nato

Македонското знаме подигнато пред седиштето на НАТО, откако земјата стана и официјално 30-та земја членка на Алијансата Церемонијата помина без медиуми, а на неа се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„30 знамиња ќе се веат пред НАТО. Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа после години на посветеност и заложба за реформите. Приклучувањето на Алијансата е важно за Северна Македонија, за стабилноста на западниот Балкан и за меѓународниот мир и  безбедност. Во времиња како ова пријателите и сојузниците се најважни, а Северна Македонија ги има најдобрите пријатели и сојузници. Посилни сме заедно. Добредојдовте во НАТО!“, истакна  Столтенберг.

— реклама —

https://twitter.com/jensstoltenberg/status/1244611900203204608?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1244611900203204608&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fmakedonija%2Fpolitika%2Fmakedonskoto-zname-se-razvea-pred-sedishteto-na-nato-vo-brisel

— реклама —

Кревањето на знамето го следеше и македонската Влада по што кусо обраќање имаше премиерот Оливер Спасовски.

— реклама —

„Знамето на Република Северна Македонија се развиори пред седиштето на НАТО. Во последните три години донесовме големи одлуки со кои станавме подобра држава и подобро општество. Еве ја и наградата. Држава која ќе остане искрен и добар сосед, сојузник на кој секогаш ќе можат да сметаат. Наша должност е да им оддадеме признание на сите кои ни помогнаа. Ова посебно се однесува на претходниот претседател на Владата, Зоран Заев, на нашите пријатели САД. Од денеска ние сме НАТО“, рече Спасовски.

видео: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања