„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Максим Димитриевски бара од МВР внатрешна истрага за кривичната пријава против него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dimitrievski

Комплетна истрага од Одделот за внатрешна контрола на МВР денеска побара градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за кривичната пријава која полицијата ја поднесе против него за непостапување според здравствени проиписи за време на епидемија, која пријава од Основното јавно обвинителство е потврдена како неоснована.

— реклама —

  • Денеска доставив претставка до Одделот за внатрешна контрола во МВР за отпочнување на комплетна истрага за тоа како е спроведена постапката за поднесување на кривична пријава за мене, која беше отфрлена од страна на Јавното обвинителство како неоснована. Моите сознанија и она што го имаме дадено во преставката е дека во самата постапка ниту во еден момент не сум повикан на распит во полиција или, пак, некој побара мислење или став од мене во самата предистражна постапка. Во самата постапка имам формирано документација од личен карактер од страна на претставници – полициски службеници, а знаете тоа јавно го обелоденив дека во самата постапка дел од податоците коишто беа прибрани од страна на други надлежни органи, конкретно ДЗСИ беа изнесени во јавноста и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава од моја страна веднаш по завршувањето на мојот адвокатски тим со изготвување на кривичната пријава против Сотирова – Бухова“, нагласи градоначалкникот Димитриевски.

Кривичната пријава според него е поради тоа што тој за време кога требало да биде во изолација заради позитивен тест за Ковид-19, самоиницијативно излегол и во приватна установа се тестирал, од каде пак изглегле негативни резултати. Градоначалникот рече дека тој ги запазил сите мерки и препораки и со „Ковид возило на Итната медициснка помош" заминал да го направи тестирањето бидејќи се сомневал дека првото тестирање е точно.

— реклама —

 

https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/videos/619997655275219/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања