Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Марко Пејчиноски за пет часа исплива од Радожда до Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
marko-pejcinovski

Охриѓанецот Марко Пејчиновски неодамна објави дека ова лето ќе има 10 препливувања во 10 викенди и ќе исплива 250 километри. Тој денеска исплива 14 километри од Радожда до Охрид.

„Летната одисеја започна.

Стартуваме со првото од десетте препливувања.

Радожда - Охрид ( 14 километри )“, објави Марко на социјалните мрежи.

— реклама —

По речиси пет и пол часа пливање тој повторно се огласи на социјалните мрежи каде ги извести своите следачи дека успешно ја испливал оваа релација.

„После големи искушенија со ветар и бранови, Марко пристигна на Охридското пристаниште за 5:25:09 часа.

— реклама —

1/10 “, стои во објавата на социјалните мрежи

— реклама —

Во септември минатата година тој пливаше во знак на поддршка на Децата со ретки болести. Претходно, на 1-ви август 2021, тој направи уште еден подвиг, откако по 3 пат ја исплива делницата Охрид-Св. Наум-Охрид и подвигот го посвети на неговата мајка.

Марко пред четири години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања