Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски тврди дека се случила масовна тепачка, за која посочува дека се случила во 1 часот по полноќ пред кафе бар во Крива Паланка.
Според него, сопственик на локалот е градоначалникот на општината, Сашко Митовски и како што тврди Петрушевски, тепачката ја предизвикал и во неа учествувал братот на градоначалникот. Пратеникот тврди дека во тепачката имало и учесници кои завршиле со тешки телесни повреди.
„Пред кафе барот Селект во Крива Паланка, кој е во сопственост на градоначалникот Сашко Митовски, околу 1 часот по полноќ се случила масовна тепачка, во која десетина лица се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани. Тепачката ја предизвикал и во неа учествувал и братот на градоначалникот“, вели Петрушевски.