Средовечен маж се качи меѓу разурнатите столбови на дивоградбата пред Мавровка за време на уривањето. Тој успеа да влезе во карабината, зеде парче од урнатиот столб, кога полицијата го фати и го истурка надвор.
Човекот пружаше отпор, им викаше на полицајците, не сакаше да излезе и тие на сила го извлекоа.
„Човекот не е ментално добар“, рече еден од работниците на „Македонијапат“ кои го следат уривањето.
Полицијата е распоредена секаде околу објектот којшто се урива и не дозволува никој да помине.