Мажот кој го врзал детето во струмичко за раце и нозе, обесено за цевка во двор е нејзниот татко. “Скопје1” дознава дека станува збор за дисфункционално семејство, каде родителите биле разведени. Тој ќе одговара кривично, а детето го заврзал бидејќи крадело од локален дуќан, а парите ги давало кај мајка и за да јаде.
Од МВР за “Скопје1”, велат дека детето било предадено на мајката по насоки на Центарот за социјални работи-Струмица. Останува нејасно како девојчето е безбедно таму, доколку, тоа крадело за парите да ги даде на нејзе.
“Во врска со видеото кое се споделува по социјалните мрежи, Ве известуваме дека СВР Струмица веднаш презеде мерки и е откриен идентетот на сторителот и по направените консултации со јавен обвинител против него ќе виде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело "насилство врз дете" по член 201а од Кривичниот закон. Запознаен е и Центар за социјални работи Струмица, по чии насоки детето е предадено на мајката”, велат од МВР за “Скопје1”.