(ВИДЕО) „Ме вознемирува повикот на мајка ми, не можам да бидам сега ќерка на жената која ме оставила“, новинарка проговори за хоророт низ кој поминала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Screenshot-2022-07-10-214312

За животната приказна на новинарката Цеце Николова вреди да се зборува. На две години по пријава од граѓани, центарот за социјална грижа во Велес ја земале од татко ѝ алкохоличар, оти мајка ѝ ја оставила и си заминала. Дел од детството го поминала во згрижувачко семејство во село Манастирец и од таму ги носи најголемите трауми.

— реклама —

„Тука беше мојот хорор. Ме чуваше една жена. Имаше и едно глувонемо девојче, не сакам ни да помислам што сè трпело“, раскажува Цеце за деновите минати во згрижувачкото семејство.

— реклама —

Во Манастриец дошла мајка Наташа, која немала деца и ја земала. Ја однела во СОС детско село, се грижела за неа, ѝ била сè. Како дете првпат дознала дека има алопеција, болест заради која ѝ требало години за да се прифати себеси. По 10 години, конечно се сака себе без перика и без страв дека поинаку ја гледаат.

— реклама —

„Не беше лесно да се оди по овој пат. Но да се вратам назад, алопецијата е болест која им ја одзема самодовербата на луѓето. По 10 години колку што носам перика, требаше време за да ја тргнам. Да се засакам ваква каква што сум, со сите мои мани. Порано ме плашеа сите чудни погледи, ама денес веќе тоа не ме допира“, раскажува Цеце, која е новинар во „Точка“.

Се присети на тешките мигови низ кои минувала откако дознала за болеста. Од тинејџерските денови, студентските. Вели: „Најтешко ми беше кога одев на танц. Јас сум танчерка. Девојките ги правеа косите, најубавото нешто на свет, а јас бев без коса и не можев“.

Зборуваме и за животот без родители. „Татко ми и денес е алкохоличар, ме земале од него, оти кој знае што сè гледале тие што пријавиле. Мајка ми пак, ме оставила кај него. И двајцата се живи и си имаат фамилии. Мајка ми, едноставно не можам сега да ѝ бидам ќерката што таа некогаш ја оставила. Само кога ќе видам ми ѕвони на телефон, тоа ме вознемирува, денот ми е уништен“, искрена е Николова.

Има и полубраќа и полусестра, па на шега вели: „Абе знаеш, сите ние сме ти едно многу среќно семејство“.

Светлата точка е мајка Наташа заради која денес и се сака себеси и е свој човек. Тука се и пријателите, сите оние кои ја сакаат и заради кои не се чувствува сама.

Денес Цеце го има здружението „4-YOU – За тебе’. Се грижи за децата без родители, а неодамна успеа да им обезбеди и летување.

„И денес кога одам во СОС детско село во многу од нив се гледам себе. Некои работи никогаш не можеш да ги забораваш“, искрена е таа.

Низ живиот на Цеце Николова, борбата со алопецијата, животот без родители и траумите, но и светлата точка на крајот од тунелот, гледајте го интервјуто.

gOT7TYVraGE

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања