Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Меџити за крадењето лекови од болните од рак: Никој од здравствениот систем нема и не смее да ги заштити престапниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција по повод случајот „Онкологија“, истакна дека е длабоко погоден и кажа дека случајот мора да биде целосно расчистен во најкус рок.


— реклама —


– Го разбирам гневот и фрустрациите што случајот го предизвика кај граѓаните, особено кај оние директно погодени. Како министер за здравство, ќе направам се во моја моќ овој случај да се расчисти, да се санкционира одговорноста на секој за кој ќе се докаже дека има удел во овој вид на злосторство и ќе создадам услови никогаш да не се повтори, рече Меџити.


Министерството тесно ќе соработува со органите на прогонот и правосудството за да се обезбеди темелна истрага.


– Никој од здравствениот систем нема и не смее да ги заштити престапниците. Будно ќе го следиме процесот. Остро ќе се реагира на секоја манипулација, кажа министерот.


Тој ги поттикна сите здруженија на пациенти со карцином, поединци или групи, кои можат да помогнат да го контактираат Министерството или институциите на прогонот.


– Како Министерство сакам да истакнам дека јавноста треба да знае дека КАТО системот не е фрлен ниту во подрум, туку е во склоп на клиничката аптека и таа соба е заклучена. Се прават финансиски анализи дали КАТО системот да се врати во функција или да се обезбеди нов систем за контрола на терапија. Со новиот ребаланс на буџетот предвидуваме обезбедување на систем кој долгорочно ќе ги спречи евентуалните злоупотреби во иднина, рече министерот.


Тој извести дека одржал состанок со директорите на Онкологија, а најави состанок и со стручниот онколошки конзилиум кој одлучува за кои пациенти колку терапија ќе примаат.


– Начинот за контролирање на терапијата, болеста на пациентите и терапијата која ја примаат, неколку месеци наназад одлучува стручен онколошки конзилијарен колегиум, на овој начин се спречува самостојно, еднострано одлучување за терапија и злоупотреба. Јас инсистирам на уште построги механизми за контрола. Ги уверувам пациентите дека терапијата што се дава на Клиниката на онкологија е соодветна и ефикасна. Да не се прави генерализирање и напади на ценолиот персонал на клиниката која во најголем дел стручно и совесно си ја врши работата, изјави Меџити.


Тој апелираше да не се шират невистини и да не се поттикнува хајка и омраза.


– Сторителите на криминалот имаат име и презиме, во тој процес мора да ги заштитиме докторите и целиот персонал кој со голема грижа ги лекувал пациентите, додаде министерот.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања