„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Мега тајфун ја погоди Јапонија, бројот на загинати и исчезнати расте

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
japan

Најмалку 25 луѓе загинале, а најмалку 15-тина се водат како исчезнати, при налетот на тајфунот именуван како Хагибис во Јапонија. Во невремето предизвикано од супертајфунот се повредени повеќе од 140 луѓе. Хагибис е еден од најсилните тајфуни кои го погодиле регионот на Токио во последните шест децении. До копното стигна на островот Изу, а главниот јапонски град го погоди синоќа.

— реклама —

Јапонските власти соопштија дека илјадници војниции чамци беа распределени во цела Јапонија со цел спасување на заробените луѓе во поплавените домови. Државната телевизија во Јапонија соопшти дека вкупно 14 реки се поплавени, на некои се излеваат на повеќе од едно место.

— реклама —
VsEpyRKAn5U

Тајфунот предизвика 48 одрони во 12 префектури. Околу 376.000 домаќинства останаа без струја, а 14.000 без вода.

Во текот на ноќта повеќе од 4,4 милиони луѓе добија наредба за евакуација во источна и североисточна Јапонија, вклучувајќи 910.000 во градот Кавасаки.

4kWSg0V8nYY

Во Токио околу 80.000 луѓе ноќта ја минаа во засолништа од страв од големи поплави. Премиерот Шинзо Абе свика вонредна средба на министрите, а министерот задолжен за управување со катастрофи го испрати во погодените области. На семејствата на настраданите им изрази сочувство и кажа дека владата работи на тоа да ги спаси животите на луѓето и нивните имоти.

2Qs05uExGPc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања