Промени тема
Контакт

(Видео) „Мерцедес“ удри пешак во центарот на Скопје, пренесен е со тешки повреди на Клиники

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-librarya4gtb8951mq968ETFFy

Пешак е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила денеска напладне на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 11:15 часот во СВР Скопје, кога патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.М. (40), удрило во пешакот Г.Д. (55).

— реклама —
— реклама —

По ударот, повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

— реклама —

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се утврдуваат околностите под кои се случила сообраќајната незгода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања