Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

(Видео) Метеор експлодирал над САД, се почувствувал силен потрес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-library27svjcfh590g2emkf2O
screenshot Youtube

Жителите на американската држава Масачусетс вчера попладне почувствувале силен звук налик на експлозија и потрес на тлото, откако низ атмосферата прелетал метеор со огромна брзина.

Според НАСА, станувало збор за исклучително светол метеор, познат како огнена топка, кој се движел со брзина од околу 120.000 километри на час.

— реклама —

Научниците процениле дека при неговото распаѓање во атмосферата била ослободена енергија еквивалентна на експлозија од околу 300 тони ТНТ.

— реклама —

„Се чини дека метеорот се распаднал на височина од околу 64 километри над североисточниот дел на Масачусетс и југоисточниот дел на Њу Хемпшир“, соопшти НАСА.

— реклама —

Од агенцијата нагласиле дека појавата не е поврзана со ниту еден активен метеорски дожд и дека станува збор за природен вселенски објект, а не за вселенски отпад или сателит кој повторно влегол во атмосферата.

Локалната служба за управување со вонредни состојби соопштила дека примила бројни пријави од граѓани за силен удар и тресење на тлото во источниот дел на државата, но немало потреба од интервенција на полицијата или пожарникарите.

Од Американскиот геолошки институт објасниле дека најверојатно станува збор за силен звучен удар предизвикан од болид – особено светол метеор што експлодирал во атмосферата.

Институтот потврдил дека не е регистриран земјотрес и дека нема докази оти некој дел од метеорот паднал на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања