Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Мицевски: На власта и се брза да го наполни Уставниот суд со партиски кадри, одат по патот партизација и на поларизација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Micevski-1

На власта и се брза да го наполни Уставниот суд со партиски кадри. Ова можеше да биде тест на демократските капацитети на власта, но очигледно решаваат да се движат по патот на поларизација, партиски комбинаторики и ова што се прави е апсурд, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница по предлогот на власта за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Беса од Комисијата за прашања за избори и именувања.

— реклама —

Мицевски на потписниците од власта на овој предлог им честиташе „Среќа нова 49-та“ потенцирајќи дека ова што се прави е преседан и власта со сила ја поларизира работата на Собранието.

- Потписниците се повикуваат врз основа на член 114 и 118 од Деловникот, но член 114 вели дека Собранието врши избори, именувања и разрешувања на носители на јавни и други функции на начин утврден согласно Уставот и закон. Кој носител на јавна функција се разрешува од веќе формирана комисија? Се разрешува пратеник кој е назначен и кој се назначува на првата пленарна основачка седница на Собранието. Членот 118 вели формирање на работни тела. Од ова што се гледа тука изгледа како да сакаат да го разрешат Фадил Зендели од пратеник, истакна Мицевски.

— реклама —

Тој нагласи дека Комисијата е функционална и комплетна, но власта брза со разрешување на Зендели за да може што побрзо да назначи партиски уставни судии.

FLEa1pFSx3E

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања