„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Мицевски: Власта го злоупотреби европското знаменце, донесе неуставен закон, кој во општеството ќе креира правен хаос и конфузија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
micevski

„Законот за двојазичност кој беше неуставно и незаконски потпишан од страна на Талат Џафери и објавен во службен весник е на штета на Република Македонија и кохезијата во општеството. Членовите од 1 до 14, како и членовите 16, 17, 22, 23 и 24 се во спротивност со Амандманот V од Уставот на Република Македонија, додека членовите 8, 9, 51, 52, 54 и 108 се во спротивност на Амандманот VIII од Уставот на Република Македонија, тоа беше нотирано од страна на претседателот на државата, но и од други еминентни правници“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

— реклама —

Пратеникот со став дека „Целата процедура низ која власта го туркаше законот за двојазичност е нелегитимна. Власта го злоупотреби европското знаменце и под превезот на реформски закон од значење за нашиот влез во Унијата донесе неуставен закон, кој во општеството ќе креира правен хаос и конфузија“.

„Законот за двојазичност е донесен без поширок политички и општествен дијалог. Спротивно на препораките на правната фела и општата јавност власта го истурка законот за двојазичност кој ќе креира целосен паралелизам во сите државни институции, како на централно, така и на локално ниво. Овој закон ќе ги блокира институциите, кои наместо да си работат работата ќе треба да преведуваат и одржуваат двојни архиви, што ќе ја чини државата и граѓаните, време, место, човечки ресурси и пари. Владата која ветуваше живот за сите потроши две години за антидржавни дејанија кои не им носат подобар живот на граѓаните, не носат повеќе пари за живот, ниту подобар стандард во целост. Наместо подобри услови за живот граѓаните добија нови поделби и понижувања“ - рече Мицевски.

— реклама —

jjfCZsTbMOQ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања