ВИДЕО: Мицкоски бара превремени и брзи избори, веднаш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-11-03-at-12.10.28

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара брзи и предвремени парламентарни избори. Ваквото барање го образложува со кризата која вели дека ќе ја зафати Македонија. Тој очекува зголемување на последиците од коронавирусот, бидејќи има потфрлање во менаџирањето на процесите, за што, според него, потврда се повеќе од 7.000 починати. За интеграциите во ЕУ, лидерот Мицкоски кажа дека дури и да се започнат, потребни се коренити реформи кои ќе ги спроведуваат институции со слаб квалитет. Дополнително посочи и дека државата влегува во енергетска криза каде може да има рестрикции, но и дека следува ценовен шок и голема инфлација.

— реклама —

„Ова се причини кои говорат дека се потребни крупни одлуки кои мора да се носат овој период. Народот кажа дека не верува дека Владата може да се справи со овие последици. Не само што легитимитетот е доведен во прашање, туку и мотивацијата на Владата да се справи со овие проблеми. Прва опција е формирање на ново парламентарно мнозинство. Во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање, брзи предвремени парламентарни избори, со почитување на роковите кои ќе обезбедат цврста и стабилна Влада. Брзи избори за кои не треба алтернатива, бидејќи е потребна стабилна влада која ќе се справи со проблемите. Изборите се светлото на крајот од тунелот. Брзите избори треба да донесат Влада која ќе спроведува ефикасни политики“, кажа Мицкоски.

— реклама —

— реклама —

Тој смета дека ако не предвремени парламентарни избори значи дополнителен криминал и корупција и неефикасни институции додавајќи: „Доколку владата ја одбие понудената рака за предвремени избори, енергетската криза која тропа на порти, ковид пандемијата, жестокиот пад во економијата, енергетската криза, ќе бидат на товар на оваа Влада во заминување. Подаваме рака бидејќи наш интерес се граѓаните“.

„Јасно е дека Зоран Заев дури и да си поднесе оставка, министрите ќе продолжат да го претставуваат неговиот корумпиран систем, кој на овие избори, двапати беше поразен. Дури и Зоран Заев да си оди, а Владата да остане, Венко Филипче ќе остане министер кој има најмногу починати, Љупче Николовски ќе е нефункционален министер, Мила Царовска ќе продолжи да го уништува образованието. И самиот Зоран Заев ја стави во влог неговата кариера, а изборите беа референдум за владата. Оттука прашањето кое е легитимно, дали ќе има ново парламентарно мнозинство и без избори да се формира нова Влада или пак, нови избори за Влада со нов кредибилитет. Пред да одговорам, да потенцирам дека Македонија ја очекуваат кризни времиња, следува ценовен енергетски шок, каде прашањето не е дали, туку колку ќе поскапи струјата. Поскапувањето на струјата значи шок кој ќе се прелее на сите производи, што значи зголемена инфлација и зголемена сиромаштија“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања