„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Мицкоски: Чувме во аудио материјалот што е реалноста - „без Заев не се може“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
protest

Со развиорени знамиња и скандирања „Никогаш Северна, само Македонија“ поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ го почнаа маршот за правда пред зградата на Основното јавно обвинителство.  Поддржувачите на оваа партија и присутните граѓани се движеа по кејот на реката Вардар, се до Врховниот суд.

— реклама —

На протестот присуствува и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој ќе се обрати пред присутните.

-Аудио материјалот докажува и покажува мафија. Мафија која владее со секоја пора власт која треба да е независна, а не е! Мафија која ја одзема слободата и правдата. Мафија која три години е сојузник со криминалот кој останува неказнет. Мафија која ослободува убијци на мали деца додека премиерот си прави селфи со убијците, додека родителите на чедата од Смилковско со грч и горчина во срцата од неправдите живеат со помислата дека убијците се на слобода. Мафија која диктира обвиненија, диктира пресуди на судии. Мафија која како свое царство го негува хибридниот режим на Заев.

— реклама —

И за ова има неколкумина одговорни, но еден е највиновен, а тоа е Зоран Заев. Зоран Заев е виновен затоа што тој во исто време е премиер, обвинител и судија. Виновен е затоа што е главен рекетар, преговарач, главен забавувач кога се во прашање гафовите, но и трговец со виталните органи на нашата Македонија. И едно досега научивме, на човекот не му е тешко да украде, да изглуми, да се посрамоти, но само не му барајте да биде чесен, затоа што е нечесен од глава до петици. А и најлесно му е да не ја говори вистината, излаже. Затоа што тоа покрај крадењето тоа го прави најдобро.

Аудио материјалот покажува дека тој пука во чело на правдата, ама онака ладнокрвно, со умисла и без каење. Со тој неправилен граматички, но разбирлив  јазик слушнавме како ја егзекутира правдата, што би рекол „трас-трас“, а правдата, драги пријатели, браќа и сестри, умира бавно, умира споро. Затоа што Заев нема допрено нешто, а да нема контаминирано. Тој е правдоубиецот во нашата држава.

И нема мака пред камерите лажно да се прикажува дека бил европски политичар, кој еве гледаме уште железни опинци не облекол, дека градел едно општество за сите, дека е визионер, човек гледа и не може да се изначуди. Каква визија какви бакрачи. Чувме во аудио материјалот што е реалноста, ќе се обидам да цитирам:  „договорено е со Врховен“, „без Заев не се може“, „трас-трас и ете одлука на Врховен суд“, „Катица знае за се што треба да се случи“, или закон за СЈО или одлука на Врховен суд ама случаите ќе паднат. Ете тоа е таа сурова вистина, рече меѓу другото Мицкоски пред присутните.

Според претседателот на ВМРО ДПМНЕ , главни советници и верни заштитници на криминалот на Заев се Вилма Рускоска и Љубомир Јовески, уште неколку врховни судии и како, што рече, и неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат.

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања