Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и кандидатот на коалицијата предводена од партијата за градоначалник на Охрид Митре Милошевски денеска остварија средба со претставници на субјеките од градот и околината чија дејност е директно поврзана со туризмот како стопанска дејност.
Денеска тука во Охрид, во рамки на редовните активности поврзани со кампањата за предвремените локални избори и изборот на градоначалник имаме состанок со туристичките работници и ќе разговараме за она кое што во минатото беше успешен проект но и сакаме да слушнеме и определени предлози кои што во иднина ќе ја зголемат самата туристичка понуда во Охрид, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
[caption id="attachment_34494" align="alignnone" width="1024"]
[/caption]
Што можеме ние како идна локална власт овде во Охрид да понудиме нешто ново што ќе додаде вредност во процесот на привлекување на поголем број на туристи. Поголем број туристи кои што практично ќе бидат зголемување на квалитетниот туризам во рамките овде во Охрид.
Не само во Охрид туку и во целата држава, во Македонија во целост. Исто така ќе разговараме и за сето она кое што можеме да го добиеме како идеја и за другите туристички центри во Република Македонија. И се разбира исто така ќе разговараме и за фокусот овде во Охрид и нема како да не ги споменеме и сите оние негативни случувања кои што се секојдневие во Република Македонија.
Зголемен криминал, гледаме застој во работењето на автопатиштата поготово оној автопат кој што се гради од Кичево до Охрид, кој исто така мора да го споменеме и да видиме како после добивањето на следните превремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада од страна на ВМРО- ДПМНЕ како да го забрзаме целиот тој процес, а во насока на тоа да имаме поголем проток на туристи и зголемени можности за поголем проток на туристи овдека во Охрид и во охридско.
[caption id="attachment_34495" align="alignnone" width="1024"]
[/caption]
Така што очекуваме една квалитетна, конструктивна средба со туристичките работници и да добиеме нови идеи, нови сугестии како во иднина и како локална, но и како централна власт ќе можеме да помогнеме во овој процес во привлекување и поголем проток на туристи во Македонија, во Охрид, во охридско но исто така и во други туристички центри во Република Македонија, истакна истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.