Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Мицкоски ќе ја напушти политиката ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-08-14-140119

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Бутел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со најавите на Бугарија дека Македонија треба да потпише нов документ.

— реклама —

Мицкоски потенцираше дека власта за да ги реализира нечесните намери заедно со владата во Бугарија, пред македонската јавност лаже дека така не тераат од Европа иако тоа не е точно.

— реклама —
— реклама —

– Ќе предупредам и на еден процес кој се обидува власта да го води, а тоа е да каже дека Европа така не тера. Не е точно. Не не тера Европа, тука не смееме да потпаднеме на таа провокација од страна на власта, нивната неспособност да ја покријат со барањето дека Европа не тера. Не не тера, Европа има чесни намери и ги отворила вратите за Македонија. Јас верувам во тие намери, но знам кој има нечесни намери, а тоа има владата во Софија и оваа наша некредибилна и корумпирана власт, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека затоа ВМРО-ДПМНЕ тука се спротивставуваше и ќе продолжи да се спротивставува на овој процес каде единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација.

– Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници кои ќе гласаат. Нема такви, по цена на мојата професионална и политичка кариера. Ке ја напуштам политиката ако некој од партијата глаза за промена на Уставо во вакви услови изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања