Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) Мицкоски: Лага е дека има успех во странските директни инвестиции, бројките и фактите се немилосрдни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Capture-4

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео-порака на својот Фејсбук профил ја критикуваше актуелната власт и премиерот Зоран Заев, поради како што рече, измамите кои ги извела оваа влада.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/2249548775297689/

— реклама —

— реклама —

„Странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година изнесуваат скромни 21.6 милиони евра. Приливите по основ на директни инвестиции се ниски и најчесто доаѓаат од фирмите кои веќе работат во Република Македонија. Нови инвестиции воопшто и да нема. Во февруари на пример имало одлив на капиталот од директните странски инвестиции во износ од 300 илјади евра, а во март одливот на капиталот од директните странски инвестиции е поголем и изнесува 6.8 милиони евра. Дополнително, доколку го споредиме овој квартал со кварталите од изминатите десет години, странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година се убедливо најниски“, рече тој.

— реклама —

Ова, додаде Мицкоски, е потврда дека нереалното ниво на странски директни инвестиции кои се постигнати на крајот од минатата година се надуван резултат кој е последица на реинвестираната добивка кој вештачки го подигна процентот на директни странски инвестиции.

„Голема лага е дека има успех во странските директни инвестиции. Бројките и фактите се немилосрдни. А тие велат уште еден пораз, неисполнето ветување на Владата на Зоран Заев и СДСМ, и немање на развојна економија. И тоа во време кога регионот бележи огромни успеси на ова поле, додека Македонија е целосно заобиколена. И нема да биде подобро. Затоа што времето поминато со оваа влада е неповратно загубено. Граѓаните скапо ја плаќаат неспособноста на власта. Потребни се промени, кои ќе донесат резултати, работа и успеси за подобар стандард за секој човек. На Македонија и е потребна економска обнова за подобар живот на граѓаните“, вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања