„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Мицкоски: Наместо зголемување, на пензионерите им се кратат пензиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski-12

Претседателот  на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати до пензионерите:

— реклама —

„Вие се имате вградено во нашата држава, имате работено за неа, сте ја развивале, на ваши плеќи сте носеле цели генерации и периоди, се сте виделе, Вие сте значаен дел и поткрепа на семејствата и јас ви благодарам за се што сте направиле за Македонија! Вие заслужувате длабока почит и од мене ја имате целосно, вие не заслужувате лаги какви што сака да ви продаде Заев! Заев говори лаги дека ви ги зголемува пензиите, вистината е дека тој ви одзема од Вашите пензии кои ги имате заслужени!

Почитувани пензионери,

— реклама —

Се до 1 јануари 2019-тата година, зголемувањето на пензиите се пресметуваше како резултат на зголемувањето на два индикатори, и тоа, првиот е раст на трошоците за живот, а вториот е половина од растот на просечната плата во државата во претходните 6 месеци од годината. И ова покачување се пресметуваше 2 пати годишно, еднаш на 1 јануари, и еднаш на 1 јули во годината.

На 1 јануари 2019 година Заев го укина, го избриша од закон вториот индикатор за зголемување на пензиите, а тоа е растот на просечната плата во државата, и со тоа фактички ви ги намали пензиите, истакна Мицкоски.

Тој во продолжение како што кажа образложи како Заев  ги намали пензиите и колку пари изгубија пензионерите:

„ Просечната пензија на 31.12.2018 година изнесуваше 14.445 денари, и ако таа пензија како што беше со закон предвидено се зголемеше за половина од 6,15 проценти колку што беше растот на просечната плата во второто полугодие од 2018-тата година, тогаш пензијата ќе се зголемеше за 3,075%, и таа ќе изнесуваше 14.890 денари, односно вашето месечно зголемување требаше да биде 445 денари во првата половина од 2019-та година, пари кои Заев не ви ги даде, односно ви ги одзеде!

Ако просечната пензија на 30.06.2019 година изнесуваше 14.890 денари, и ако таа се зголемеше за 1,75%, колку што изнесуваше половината од процентот на раст на просечната плата во првото полугодие од 2019-та година, тогаш вашата пензија требаше да изнесува 15.150 денари, или вие пензионери требаше да добиете ново зголемување на пензијата од дополнителни 260 денари.

Значи со укинувањето на законската одредба, Заев во првите 6 месеци од 2019-та ви одзема по 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019-та година ви одзема дополнителни 705 денари месечно, или вкупно во 2019-та година Заев ви одзема 6.900 денари, или  575 денари месечно просечно.

Понатаму почитувани пензионери,

Ако просечната пензија на 31.12.2019-та година требаше да изнесува 15.150 денари, и доколку претпоставиме дека растот на просечната плата во втората половина од 2019 и во првата половина од 2020-та година изнесува 5%, тогаш просечната пензија во периодот јануари - јуни 2020-та година треба да изнесува 15.530 денари, а во втората половина од 2020 година просечната пензија треба изнесува 15.917 денари.

Значи со укинувањето на законската одредба, Заев во првите 6 месеци од 2020-та година ви одзема по 380 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2020-та година ви одзема по дополнителни 770 денари месечно, или вкупно во 2020-та година Заев ви одзема дополнителни 6.900 денари, или 575 денари месечно просечно“, истакна Мицкоски.

7Tjz2InIG8s

           

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања