„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Мицкоски: Потребни се избори на кои народот ќе одлучи дали е за понижена Северна Македонија или за успешна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
clipboard01-620x350-1

Потребни се предвремени парламентарни избори. Народот да одлучи дали е за понижена Северна Македонија или за напредна и успешна Република Македонија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил, споделувајќи видео.

— реклама —

-Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Тие го сменија името Македонија. Го сменија и македонскиот идентитет. Ги предадоа македонската култура, традиција, спорт и образование. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Го понижуваат народот. Ги осиромашуваат граѓаните. Ги омаловажуваат хероите. Го менуваат карактерот на македонската држава. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Денес по водство на Заев, Македонија е поделена, поранлива и послаба. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори. Избори на кои вие, народот ќе одлучите дали сте за понижена Северна Македонија или пак сте за напредна и успешна Република Македонија. Избори на кои ќе ги победиме црнилата. Избори со кои ќе ја донесеме зората. Ова е борба на нашата генерација и затоа изгреј зоро на слободата. Избори за Република Македонија, вели Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/365014424281110/

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања