Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ Сител, коментирајќи ги нападите од поранешни сопартијци и функционери потенцира дека тоа се луѓе кои му помагаат на Зоран Заев.
„Јас ценам дека овие луѓе не заслужуваат одговор. Бидејќи веќе ме прашавте, можам да кажам дека ова се луѓето кои што најзаслужни се што Зоран Заев веќе три години пустоши низ Македонија и ова се луѓето кои што практично ја доведоа во оваква состојба во која што во 2017 година ја преземав партијата и повторно истите овие луѓе сега се во улога да му помагаат на Зоран Заев во услови какви што се сега да формира владино мнозинство. Ова е последниот товар од кој што се ослободува ВМРО-ДПМНЕ во овие 31 месец откако сум избран за претседател на партијата. Сега, сите тие заедно на купче остануваат да му бидат верен коалиционен партнер на Зоран Заев. Па, јас би му посакал со среќа нека му е со сите овие“, вели Мицкоски.