„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се пообединето, посплотено но и помотивирано

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoski

Без разлика на нивната нација, без разлика на нивната вера, луѓето некако како да ја изгубија целокупната надеж дека може подобро, дека треба подобро и дека ние заслужуваме подобро, а се разбира сето тоа е последица на сите оние погрешни политики кои Зоран Заев ги води овие повеќе од една ипол година во Република Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

А, зошто тоа се случува?! Тоа се случува најпрвин затоа што тргуваат со најсветата работа која што ја симболизира државноста која што преставува извод од матичната книга на родените за една држава, а тоа е Уставот. Тргуваат со Уставот само со една цел, да ги спасат, времено да ги поддржат нивните политички кариери, а притоа не се свесни дека многу брзо доаѓа крајот на нивното политичко битисување овдека во Република Македонија. А, после крајот доаѓа и казната, а казната ќе дојде за сето она што и го направија на Република Македонија додека беа власт. И за сето тоа ќе одговараат, ама нема да одговараат пред Кацарска судството, туку пред ново реформирано судство.

— реклама —
uqw-HvM1IMY

Мицкоски додаде дека и покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што му ги упатуваат на него и на неговото семејство и покрај сите оние зло дела кои што ги прават, тој и ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден се се пообединети, посплотени но и помотивирани и на следните избори жестоко ќе ги поразиат, а првата таква пречка ќе дојде на пролет, за време на претседателските избори.

„Се обврзаа за работи кои што не само што ни одблиску не можат да ги исполнат, туку се обврзаа на работи кои што не можат дури и да ги помислат. Ги поткренаа очекувањата кај граѓаните ветувајќи 500-тини евра просечна плата, ветуваа 100-тина илјади денари просечна плата за докторите, ветуваа загарантиран откуп за земјоделците на нивните земјоделски производи, на нивниот труд на нивната мака, ветуваа општество за сите, ветуваа реформиран судски систем, ветуваа раст на БДП од 5%, ветуваа зголемување на директните странски инвестиции, но и заживување на домашните. Ветуваа дека ќе ги вратат сите оние кои што наводно иселени од Македонија поради разочараноста од претходните влади и што ли уште не, ветуваа нови болници, градинки, училишта, автопатишта, 500-тини километри автопат, а што реализираа?!?! Едно празно НУЛА.

Ветуваа загарантиран откуп на земјоделски производи, па ќе шеташе ширум Македонија Зоран Заев па ќе ветеше загарантирана берза за јаболката во Ресен, а ги гледаме луѓето како го истураат својот труд на буниште. Ветуваа загарантиран откуп за лозопроизводителите за лозарите па видовме како грозјето завршуваше на буниште. И оние земјоделци во југоистокот на Македонија за нивните производи, за доматите, за краставиците, за зелките, за лубениците видовме дека сето тоа заврши на буниште како револт на сите погрешни политики што оваа ненародна и криминална влада предводена од СДСМ ги правеше изминатиот период.

Ветуваа реформирано судство а притоа не прават слепи при очи и глуви при уши. Па наводно не сме гледале дека овој барал евро за црквата и евро за бате па ќе речат не бил виновен, доведен бил во заблуда, демек ние не сме слушале што правел овој, дека нашата меморија е кратка дека не гледаме тоа што гледаме. И за сметка на тоа ќе ни го донесат Кацарска судството. Ќе помине и тоа само не мотивирате се повеќе, само не мотивирате да работиме повеќе од тоа што сме работеле порано, а имаме капацитет да работиме и од ова повеќе. Колку повеќе ќе грешите толку повеќе ние ќе работиме да ве симнеме од тоа каде што се и да ве пратиме таму каде што заслужувате да бидете.

Ќе ветат гаранција за младите. Нити гаранција, нити младинска гаранција ниту било каква гаранција видовме. Видовме еден пилот проект, на кои што претпоставувам само децата на овие од врхушката на власт се израдуваа преку стипендии да можат да си дозволат да се школуваат на реномирани универзитети во Европа, за тоа што тоа е привилегија за нив одбраните, ние не сме во тој круг, ние сме обични смртници.

Ќе го реформирале судството, како може човек  со проблематично и дискутабилно  криминално минато да го реформира судството? Како може човекот кој што се бркнал со се целата рака во медот да го реформира судството? Возможно ли е тоа? Му се верува ли на некој во оваа држава дека тоа е возможно? Па човекот беше аболиран за сомнеж за сторен криминал од осум милиони евра, зарем некој човек може да поверува дека он може тоа да го направи? Еве јас ќе ви дадам одговор. Не! И не само што нема да направи туку ќе ни остави такви проблеми со овие нереализирани ветувања, што ќе мора да волонтираме за државата како едно време и да ја извадиме на вистинскиот пат.

Ако направите анализа и ако сериозно пријдете на проблемот зошто младите луѓе, зошто квалификуваните кадарни млади луѓе на ја напуштаат оваа земја, и оставаат тажни родители, баби и дедовци. Доаѓате до одговор кој што најчесто можете да го сретнете, а тоа е поради егзистенцијални причини. Се разбира младиот човек по природа е пркосен, бунтовен и сака да патува, мобилноста му е исто така значајна, сака network, сака мрежа да прави во животот но пред се тоа го правата од егзистенцијални причини. И ако вие го знаете проблемот, разумно и чесно е, и честито е да го побарате лекот за проблемот. Така што кога ја правевме Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се подготвувавме за предвремени парламентарни избори кои што за жал нашите браќа и сестри ни ги скратија. Но ќе дојдат и тие, и тие ќе дојдат многу скоро. И тие предвремени, и редовните и претседателските  ќе ги победиме нив тогаш. Но важно е дека направивме едно дело и еден проект кој што беше мултидисциплинарен и опфаќаше повеќе области и економија, и образование, и даваше одговор за младите.

Ви ветувам дека еден од следните мои обраќања од овдека од Гостивар ќе биде токму презентација од овие мерки кои што предвидовме во таа Програма која што планираме да ја претставиме на македонската јавност многу скоро со одредени проекти. А, пред предвремени или редовни парламентарни избори во целост. Ќе ги презентираме сите ефекти од сето ова бидејќи тогаш ќе бидеме Влада, и тогаш нема да збориме со честицата „Ќе“, него ќе збориме со потврдна форма.

Затоа што јас ги разбирам моите сограѓани, зошто секогаш гледаат со недоверба во политичарите, затоа што во безброј пати до сега биле прелажани. Безброј пати им било ветувано, и не биле исполнети тие ветувања. Но ова политичко мочуриште мора да испари, мора да испари со оваа генерација политичари кои што ја водат Владата на СДСМ. Ние мораме да создадеме политичка опција која што ќе понуди нови креативни, иновативни решенија за сите реални проблеми на нашите граѓани кои што ги тиштат, изјави Мицкоски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања