Промени тема
Контакт

(Видео) Мицкоски: Во Македонија во овие 30 години не одговарал ниту еден бандит кој се збогатил на грбот на овој народ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот настан по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“, истакна дека одвратно и со мачнина е за гледање сликата со која ја уништуваат правдата, и тоа оние кои скокаа на ладата и збореа за правда кога беа опозиција.

— реклама —


— реклама —


Мицкоски потенцираше дека во овој момент во Македонија нема вистинска одговорност и овие 30 години не одговарал ниту еден бандит кој на грбот на овој народ се збогатил.


– Судиите од тефтерчињата станаа нивни слуги, но само треба да знаат, гледајќи ја нивната лукавост, дека нема во новата влада на доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ да најдат нова прегратка, туку и тие ќе се соочат со правда. Може криво да седат, ама требале право да судат. Срамот и вината за секоја неправда е на оваа власт, истакна Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека затоа важно е да се бориме за неселективна правда, за вистинска правда која ќе биде за секого.


– За секој еден човек во Македонија. За правда која ќе го заштити народот од неправда, каде ќе профункционира судството и обвинителството. Каде ќе има страв од казна и законот ќе важи за секого. Член на ВМРО-ДПМНЕ бил или на друга партија ако стори криминал ќе одговара, изјави Мицкоски.


Тој посочи дека оваа влада ја елиминира правдата со неправда.


– Јустиција која е римска божица на правдата и нејзиниот лик често се користи како алегорија или олицетворение на моралните вредности во правниот систем е целосно девастирана. И зариваат нож на правдата иако дојдоа во фотелјите со нема правда нема мир, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања