Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) Мицкоски: За технички министер за внатрешни работи предлагаме нов човек во политиката и врвен професионалец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski

Изјатава на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со Ахмети и Заев. Изјавата на  Мицкоски ја пренесуваме во целост:

„После средбата со господинот Ахмети, имавме средба со премиерот во заминување господинот Зоран Заев генерално три теми би ги издвоил од нашиот денешен разговор.

— реклама —

Првата тема беше името за техничкиот министер за внатрешни работи, втората тема беше поврзана со останатите предлози на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе бидат дел од техничката влада и трета тема беше, која што ја отвори господинот Заев, а тоа е околу можноста за промена на изборниот модел и настаните кои што се во собранието поврзани со тоа прашање.

— реклама —

По првото прашање, разговаравме за името, му го презентирав, ја презентирав биографијата на лицето и во интерес на дополнителни консултации кои што тоа треба да ги изврши јас не би го споменувал се уште нашиот предлог. Договоривме за отприлика час, час и половина од сега да се слушнеме телефонски и за конечна потврда, но вака на прва немаше никакви забелешки ниту пак имаше дополнителни коментари.

— реклама —

Станува збор за нов во политиката, човек врвен професионалец, човек со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел и убедени сме дека ќе биде додадена вредност за безбедноста во нашата држава

Поврзано со второто прашање, а тоа е со останатите предлози како што се техничкиот министер за труд и социјална политика, замениците технички министри во ресорите, земјоделие, финансии и администрација. Отприлика слушнавме од премиерот во заминување, господинот Заев за профилот на личностите да техничкиот премиер ги добие од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во понеделник се договоривме дека пред да бидат имињата објавени ќе имаме телефонска консултација а дури потоа од кога ќе ја завршиме таа телефонска консултација ќе ги соопштиме на јавноста. Поврзано со третото прашање разговаравме и ние како ВМРО ДПМНЕ изразивме спремност  да веднаш по завршувањето на овие избори опозицијата и власта кои и да бидат тогаш а јас сум убеден дека тогаш владата ќе биде формирана од ВМРО ДПМНЕ а тогаш опозиција ќе биде СДСМ, ќе седнеме и ќе разговараме за промена на изборниот модел и примена на таканаречените отворени или преференцијални листи за време на следните локални избори посебно за листите на советници, Истакна Мицкоски.

видео: ВМРО ДПМНЕ

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања