Хрватската полиција денес привела двајца мигранти од Сирија поради кражба на автобус. Полицијата соопштила дека во текот на утринските часови во Плашин Поток е украден автобус.
wpTxdNID628
Откога биле забележани од полицијата, мигрантите започнале да бегаат, но по десетина километри застанале. Од автобусот искочиле две лица кои пробале да избегаат, но нивниот обид бил неуспешен. Автобусот започнал да се движи во рикверц, по што удрил во полициското возило, но никој не е повреден.