Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

(ВИДЕО) Министерот Спасовски и чешкиот премиер Бабиш ги посетија чешките полицајци на јужната границa

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
5-2

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот на Чешката Република Андреј Бабиш денеска го посетија транзитниот центар Винојуг и имаа средба со чешките полициски службеници кои и помагаат на нашата полиција на јужната граница.

-Сакам да нагласам дека поддршката која Чешката Република ни ја даде за време на миграциската криза, како и справување со последиците од истата е од непроценлива важност. Би сакал во оваа прилика да се заблагодарам за присуството на чешките полициски службеници, кои учествуваат во заедничките активности со нашите полициски службеници за зајакнат надзор и контрола на јужната граница“, рече министерот Спасовски.

— реклама —

Од започнување на проектот за зголемена контрола и надзор на јужниот дел на нашата државна граница до 04 август 2019 година бројката ќе достигне 1054 чешки полициски службеници, распределени во 27 контингенти и истата ќе продолжи до крајот на 2019 година, односно до започнување на активностите за поголем надзор на државната граница со ФРОНТЕКС.

-Професионализмот и искуството кои чешките полициски службеници несебично ги споделуваат со своите македонски колеги, заслужуваат голема почит и за нас се од непроценливо значење.Чешката Република е најголем поддржувач на Република Северна Македонија и направи многу за да и помогне на нашата држава во справувањето со миграциската криза, а во таа насока сакам дополнително да се заблагодарам за доделените донации за справување со последиците од миграциската криза - рече Спасовски.

— реклама —

Владата и Министерството за внатрешни работи на Чешка Република донираа материјално – технички и финансиски средства во висина од околу 4.000.000 евра, распределени во 6 донации, заедно со последната донација во висина од околу милион евра.

Премиерот Бабиш ја потенцираше одличната соработка меѓу двете држави и особено меѓу двете полиции.

— реклама —

-Би сакал да и се заблагодарам на Република Северна Македонија за тоа што го направи и го прави во спречувањето на нелегалната миграција. Присуството на нашите полициски службеници тука ја покажува нашата солидарност и мило ми е што за нив слушам само добри зборови- рече премиерот Бабиш, потенцирајќи дека Чешка и во иднина ќе ја поддржува Република Северна Македониja

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања