Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(ВИДЕО) Министерот Спасовски во посета на ПС Валандово и локалната самоуправа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
oliver-valandovo-1

„Безбедносната состојба во Валандово е стабилна и поволна, како впрочем и на целата територија на државата. Имаме подобрување на безбедноста, а тоа го кажуваат и граѓаните. На последната анкета на ОБСЕ, 75 отсто од граѓаните се изјаснија дека се чувствуваат безбедни“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на полициската станица Валандово и локалната самоуправа.

На средбата во полициската станица Валандово со раководството, но и вработените во оваа полициска станица, се разговараше за прашања што ја тангираат работата и делокругот на задачи на оваа полициска станица, а тема на разговор беа и условите за работа на полициските службеници.

— реклама —

— реклама —

„Во изминативе година и половина, јас и актуелното раководство на министерството презедовме низа конкретни активности за подобрување на статусот, на материјално-техничките и инфраструктурни услови за работа на полициските службеници. Подобрувањето на статусот и условите на работа, сфатени и како загарантирани права на полициските службеници се наш заеднички интерес, оти логиката е едноставна - само задоволен полициски службеник е ефикасен и професионален полициски службеник. Оттаму, реализираните активности за набавка на униформи за полициските службеници, проектот за санација и реконструкција на објектите во кои што тие работат и ги извршуваат своите работни задачи, кој што, патем речено, продолжува и оваа година, зголемувањето на платите на униформираните полициски службници, се само дел од базичните предуслови кои што треба да не донесат до посакуваната цел - професионална, функционална и ефикасна полиција како сервис на граѓаните“, рече Спасовски.

За 2019 година предвидени се нови 70 милиони денари за реновирање на полициските станици, а меѓу предвидените објекти за реконструкција е и полициската станица во Валандово. За набавка на нови униформи предвидени се нови околу 200 милиони денари. Предвидено е и зголемување на платите за пет проценти.

— реклама —

На средбата со градоначалникот на Валандово Перо Костадинов беше констатирано дека соработката меѓу полицијата и локалната самоуправа во Валандово е одлична, но се разговараше и за сегменти каде таа може да биде уште подобра, се во интерес на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања