Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Министерот за внатрешни работи Чулев на средба со унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
92354816_146800386846764_5290829251115745280_o-1

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска во министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој со висока делегација на Унгарија е во официјална посета на нашата држава.

— реклама —

Во рамки на средбата од страна на унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто  официјално беше предадена донација за министерството за внатрешни работи која се состои од 100.000 маски и 5.000 заштитни едноделни одела.

Министерот Чулев изрази благодарност за донацијата која доаѓа во вистински момент за министерството и е наменета за полициските службеници чија улога во справувањето со корона вирусот е од исклучително значење за државата.

— реклама —

Тој се заблагодари за учеството на унгарските полициски службеници во заедничките операции на јужната граница, кои со својот професионализам активно учествуваат заедно со македонските  колеги во борбата против илегалната  миграција.

— реклама —

Двете страни разменија информации за мерките што се преземаат за справување со пандемијата  и  заеднички се согласија дека поддршката што доаѓа од страна на Унгарија е значајна за нашата земја и истата е потврда на пријателството и добрите односи кои во континуитет ги градат двете земји.

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања