Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(ВИДЕО) Мисајловски: Апсење на Стевче Јакимовски е политички прогон и обид за заплашување на опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vlado-misajlovski

Право и правда во Македонија веќе не постојат. Институциите во целост се ставени во служба на власта. Се злоупотребуваат и законите и сите државни ресурси за политичка пресметка со сите кои мислат поинаку. Зоран Заев и Стево Пендаровски се исплашени од граѓаните. Паниката е толкава што СДСМ, денес, на еден месец пред претседателските избори реши да го апси лидерот на една од поголемите опозициски партии. Денешното апсење на Стевче Јакимовски е политички прогон и обид за заплашување на опозицијата, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие знаат дека ќе ги загубат претседателските избори и затоа монтираат судски процеси и апсат секој што може да им се спротивстави.

Ваквото однесување на Зоран Заев има две цели. Да испрати порака дека тој може да направи што сака и дека сите треба да му се плашат без да помислат да се спротивстават и втората цел да се сврти вниманието од сите предавства, криминали и непотизам на власта кои секојдневно ги гледаме.

— реклама —

Заев и Пендаровски се исплашени затоа што рејтингот кај граѓаните одамна им е паднат, а тоа впрочем го призна и самиот Зоран Заев.

Секогаш кога СДСМ паѓа Русковска обвинителството и Кацарска судството отвораат нови монтирани процеси и шиканираат луѓе по судови. Ова е втор обид да го исплашат и скршат Стевче Јакимовски и ГРОМ кои продолжија да делуваат опозициски. Ова е нов неоснован обид да се загуши опозицијата.

Единствена причина што после две години власта апси и прогонува е затоа што очајно губат, па мислат дека со злоупотреба на институциите и со малтретирање на оние кои мислат поинаку ќе се задржат нешто повеќе на своите функции.

Апсењето на Јакимовски е монтиран прогон, исто како што е и случајот 27-ми април, каде десетици професионалци од безбедносните служби и граѓани патриоти се соочија со драконски казни за дело кое воопшто и не го сториле, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ја уверува и власта и граѓаните, дека за сите овие монтирани судски процеси и прогон кој го врши врхушката на власта и нивните извршители низ институциите ќе одговараат кога ќе се врати правната држава и владеењето на правото во Република Македонија.

Постапувањето на секој поединец ќе биде анализирано и процесуирано. Секој еден кој врши политички прогон и е маша во рацете на власта мора да знае дека одговорност ќе има. Ниту еден криминал нема да остане неказнет. Правдата ќе победи, додаде Мисајловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања