„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Мисајловски: Пристигнати се 8 кандидатури, на сите кандидати ќе им биде обезбедено време и простор за презентација на програмата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
vlado-misajlovski

Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседател кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојната конвенција на партијата во Струга, која ќе се одржи на 16 февруари. До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле да стигнат и по пошта, информираше на прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

— реклама —

-Сите кандидатури дополнително ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проверка на законски предвидените услови за кандидати за Претседател на Република Македонија, по која што проверка, најдоцна до вторник ќе бидат соопштени и имињата на кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за кандидат за Претседател на Републиката. Сите кандидати кои ги исполнуваат условите за претседателски кандидат ќе им биде обезбедено време и простор за презентација на нивната програма од страна на партијата пред општинските комитети и членовите во период од 6 до 16 февруари, изјави Мисајловски и додаде:

„ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи достапност до партиските ограноци за секој кандидат подеднакво, согласно принципите на демократијата, со цел членството да може да ги слушне нивните идеи, ставови и аргументи.“

— реклама —

Мисајловски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е прва партија во Македонија, која отвора еден вака широк процес на презентација типичен за развиените демократии, каде секој кандидатот има можност за непосредни средби со членството и негово запознавање со своите гледишта за државата.

Според него ваквиот процес е со цел низ еден транспарентен и демократски процес да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните, ќе ги застапува нивните идеи и ќе работи во согласност со Уставот и законите во полза на сите граѓани.

-ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повикува власта да се охрабри и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Хаосот кој го предизвикаа во државата не смее да продолжи. Власта која нема направено ништо за државата, а потроши две години од животот на граѓаните треба да си замине, дополни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

c6B5Dx_uyx0

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања