Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) Митева бара итно и неодложно намалување на акцизата на горивата за 50%, што ќе донесе ова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nafta-mazut

„Вчера заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што се разговараше за актуелната политичка и економска состојба. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ најновото покачување на цените на горивата го проценува како жесток социјален удар врз граѓаните, при што Владата не направи ништо истиот да се спречи и е последица на нејзината неспособност, не водењето на грижа за граѓаните и силна корумпираност“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додава:

— реклама —

„Оправдување не може да биде војната во Украина, со оглед на тоа што самиот претседател Пендаровски кажа дека државниот врв знаел за овие случувања најмалку 4 месеци порано, а владата на Заев и Ковачевски не направи ништо за да се спречи ценовниот шок.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно прифаќање на мерката на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата кај горивата за 50%.

— реклама —

Со оваа мерка дизел горивото ќе поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара да се намали данокот на додадена вредност за производите за исхрана и за топлинската енергија, односно парното да бидат со 0%.

Дополнително, бараме и ДДВ за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година.

Воедно, бараме владата да го заштити стандардот на граѓаните и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на платите во јавниот сектор согласно коефициентот на тежина на работната сила прифатен согласно колективните договори“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања