Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Митева: Новиот тендер од 3 милиони евра од Пановска на Пановски е уште еден доказ за недовербата во здравствениот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

„Договорите за набавка, кои ги склучува веледрогеријата ‘Д-р Пановски’, каде што сопственик е таткото на Ирина Пановска-Ставридис, инаку директор на Клиниката за хематологија, од истата оваа клиника се пракса што раѓа недоверба во целокупниот здравствен систем. Новиот тендер од 3 милиони евра е уште еден доказ за тоа“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.


— реклама —

[embed]

xz5Ha1tN0zU[/embed]


„Јавноста чека одговори за тоа како и зошто во Македонија има само еден овластен доставувач на потребните лекови, дали тоа не е монополизација на процесот? Дали доделувањето тендери од еден член на фамилијата што раководи со институцијата на друг член од фамилијата, кој е понудувач, не се отвара можност за злоупотреба или попречување на процесот на еднаквост? Дали една дадена изјава за изземање од процедурите е доволен показател дека не станува збор за судир на интереси?


ЈЗУ УК за хематологија, наместо да поставува прашања до политичка партија, би било добро да ѝ одговори на јавноста колку тендери добила веледрогеријата „Д-р Пановски“ само изминативе години додека неговата ќерка раководи со клиниката, колку тендери се добиени од Министерството за здравство во истиот тој период и уште поважно колку е вредноста на тие тендери“, прашува Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања