Промени тема
Контакт

(Видео) Митко Јанчев за првпат: „Беа со пиштоли вперени во мене, бараа да легнам, излегуваа од грмушки“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library6d25111f5m44e20G4gU

Градоначалникот на Кавадарци и кандидат за нов мандат, Митко Јанчев, за првпат детално раскажа за своето апсење во 2017 година на патарината кон Скопје, во екот на номинациите за градоначалници во времето на Никола Груевски, a кога владееше Зоран Заев.

Во емисијата „Претрес со Ландов“, Јанчев опиша сцена која, како што рече, повеќе личела на филм отколку на полициска постапка.

„Тоа беше за номинацијата на градоначалници во Борис Трајковски, во времето на Груевски. Кога пристигнувавме во Скопје, уште на самиот влез кај Ченто ни се приклучи едно цивилно возило, а потоа уште едно. На одредена локација нѐ присилно стопренаа – две возила напред, две позади, и десетина луѓе со пиштоли и пушки излегоа од грмушките. Викаа „дигај раце“, „отвори прозори“. Тоа беше апсење, вистински напад,“ изјави Јанчев.

Тој додаде дека не прифатил да легне на земја, иако му било наредено.

„Бараа да легнам. Не легнав. Им реков: ако треба да легнам, еднаш се легнува – нема потреба да станувам повеќе,“ рече тој, додавајќи дека не им било објаснето зошто се приведени.

— реклама —

Според Јанчев, вооружените лица извршиле незаконски претрес на возилото, додека тој бил држен под нишан.

„Имаше човек со камера кој снима. Ми рекоа да го оставам телефонот, и еден од нив, кој беше очигледно командир, ми рече со солзи на очи: ‘Ако излезе пријава, јас ќе останам без леб’. Јас само му одговорив – зошто ја срамите униформата и државата?“

— реклама —

Според него, акцијата била монтирана од тогашните структури во МВР, поврзани со Алфите и УБК.

„Им било најавено дека ќе помине мерцедес со високо ризична група, вооружана и со наркотични средства. Тоа беше нивната ‘информација’. Сè беше лажно, сценарио за компромитација,“ рече Јанчев.

Тој нагласи дека, иако добил повици од дипломатски претставништва за да го пријави случајот, свесно одбил – затоа што не сакал „невини полицајци да страдаат поради политички наредби“.

— реклама —

„Портпаролот на МВР тогаш излезе со изјава дека ‘мерцедесот со кандидатот за градоначалник не застанал на стоп-знак’, и дека затоа бил застанат со сила. Тоа беше покритие. Сè друго беше политичка наредба, класична демонстрација на сила,“ заврши Јанчев.

Цел „Претрес“ е тука:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7g091k4arpduesquV1l

(Видео) Од вечерва е на улиците: „Спиете ли мирно?“

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryfait5edlmmtb73qJD1O

(Видео) Мистериозни лица и познати изговори: „Претрес со Ландов“ се враќа со четврта сезона

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryi7atoqoe1krt9yNFkGq

Не помина претставката на Костовски против Ландов, откако се жалеше на прашањата во „Претрес“

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygenehvig6njefCNOT7M

(ВО ЖИВО) Слаткар: Верувам дека е покајание, а не лицемерие кога по смртта за некого добро говориме

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања