Млад јарец е пронајден во исклучително тешка состојба, со сериозни деформации на предните нозе. Засега не е утврдено дали станува збор за вроден деформитет или за повреда.
Животното е видно исплашено и постојано плаче. Луѓето што го пронашле се обидуваат да му помогнат, но немаат услови за соодветна грижа и не знаат каде да го згрижат.
Од „Анима мунди“ апелираат до сите што можат да помогнат со итно згрижување, ветеринарна помош или совет за тоа каде животното може да биде безбедно сместено, да се обратат до организацијата.