Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Мотоцикл по судир завршил закачен на семафор над раскрсница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library3f3qj7pppv58eHcLcEm
screenshot X

Необична сообраќајна несреќа се случила во Канада кога спортски мотоцикл „Сузуки ГСХ-Р1000Р“ по судир со автомобил БМВ Серија 3 завршил закачен на семафор над раскрсница.

Инцидентот се случил во местото Норт Делта, во канадската покраина Британска Колумбија.

— реклама —

Според снимките од безбедносните камери, возачот на БМВ-то вртел лево кон влез на трговски центар, додека мотоциклистот со голема брзина се приближувал кон раскрсницата.

На видеото се гледа дека моторциклистот силно кочел непосредно пред судирот, при што задното тркало на моторот се подигнало од земја.

— реклама —

По ударот, мотоциклот буквално полетал во воздух и завршил на хоризонталниот носач на семафорот, каде останал закачен со предното тркало.

— реклама —

Според „КарСкупс“, возачот на мотоциклот се здобил со сериозни, но не животозагрозувачки повреди и бил пренесен во болница.

Возачот на БМВ-то поминал без повреди.

— реклама —

На местото на несреќата брзо пристигнале полиција, пожарникари и итна помош, а пожарникарските екипи подоцна го отстраниле мотоциклот од семафорот и го расчистиле патот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања