„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Музичарите и угостителите на протест пред владата: Доведени сме до финансиски колапс и ние имаме деца за хранење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
protest

Попладнево пред Владата на Република Македонија започна протестот на музичарите, сопствениците на ноќните клубови и угостителите од рестораните за семејни прослави против рестриктивните мерки на кои ги донесе Владата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а се однесуваат на угостителските објекти.

— реклама —

Пред владината зграда тие поставија импровизиран ноќен клуб на кој стои натпис „затворено”. Седум месеци откако се затворени, тие денеска побараа финансиска поддршка и да се донесат протоколи за да можат да работат, пренесува „360 степени“.

— реклама —

Даниел Сидовски, како претставник на музичарите и организатор на протестот рече дека бараат во рок од два дена премиерот Зоран Заев да ги прими и да ги слушне нивните барања. Вели, околу 20 000 свадбени работници и музичари се засегнати од кризата, а покрај музичарите и угостителите ги наброја салоните за венчаници, за свадбени декорации, фотостудија, менаџери.

„Ние не го шириме ковид – вирусот, ние не сме главни преносители на вирусот. Има многу посериозни пренесувачи кои вие ги одобривте по нивно барање за тековна работа. Ние немаме веќе сили, ни како ни со што да работиме и да издржуваме семејства ако продолжите вака”, рече Сидовски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања