„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) МВР за пронајдената марихуана, еве ги деталите ...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
DSC_0036

Министерството за внатрешни работи - Бирото за јавна безбедност, Одделот за криминалистичка полиција во рамките на засилените мерки  во борбата со недозволена трговија со дрога во координација и по насоки од Основно јавно обвинителство Кавадарци на 22.04.2020, во магацин  во скопската населба Бутел пронајде и одзеде 12 дрвени палети во кои биле складирани 1.240 килограми наркотична дрога- марихуана, спакувана во  повеќе полиетиленски вакумирани пакувања и полиетиленски вреќи.

— реклама —

Во периодот од крајот на јуни 2019 година до октомври 2019 година, на  необезбедена парцела со површина од околу 30 хектари на подрачје на село Сопот, општина Кавадарци, правно лице со седиште во Скопје, со други правни субјекти, извршило засадување на индустриски коноп, без соодветна дозвола-одобрение од соодветна комисија, при што од страна на НККР Кавадарци, по добиени насоки од страна на јавен обвинител од ОЈО Кавадарци на 02.10.2019 е извршен увид и се одземени мостри за вештачење од конопот. На 14.04.2020 од страна на ОКТИВ при МВР е изготвено вештачење со кое се констатира дека засадениот коноп претставува опојна дрога –марихуана чие што одгледување е регулирано со Закон за контрола на опојни дроги. На 22.04.2020, повторно се дадени насоки од јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, со цел да се обезбеди претставникот на правното лице Н.Ј (42) од с. Жилче, општина Јагуновце, со цел да се изврши службен разговор, а марихуаната која била складирана во магацин во населба Бутел да биде одземена и да се изврши дополнително вештачење. Повторно на 22 и 23.04.2020 година се извршени дополнителни две вештачења при што произлезе дека материјалот одземен за вештачење претставува опојна дрога марихуана со вршунки, цвет, семе и присуство на ТХЦ материја, која е забранета  според Закон за контрола на опојни дроги.

— реклама —

Против  претставникот  на правното лице и правното лице ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство, пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“ а одземената марихуана  заедно со кривичнта пријава ќе бидат доставени до ОЈО Кавадарци за понатамошна постапка во текот на денешниот ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања