„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) МЗШВ додели 30 милиони денари за подобра рурална патна инфраструктура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
48355602_2325087317503323_649044917921775616_n

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава за првпат доделува средства преку Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој. Се работи за финансиска поддршка во вкупен износ од 30 милиони денари, за која денеска се потпишаа договорите со пет Центри за развој на планските региони на територијта на Република Македонија, корисници на оваа програма.

— реклама —

zF0qj3t-b1g
— реклама —

„Оваа поддршка е дел од нашите капитални вложувања директно во земјоделството, од што бенефит ќе имаат земјоделците. Наша цел е со средствата кои ги доделуваме денеска да ја подобриме руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството. Овие средства ќе се користат за изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја на интензивна земјоделска дејност. На овој начин ќе се олесни пристапот до обработливи површини, ќе се зголеми и олесни производството на земјоделски производи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

На јавниот повик кој беше распишан конкурираа 10 апликанти, од кои по евалуацијата, критериумите ги исполнија пет Центри за развој на планските региони.  Висината на финансиската поддршка што ќе ја добијат Центрите зависи од  двата критериума-минимум 40 отсто обработливо земјоделско земјиште во регионите за кои аплицираат и бројот на општини опфатени со проектите за кои аплицираат Центрите.

Од јануари следната година ќе започнат постапките за јавна набавка за избор на најповолен изведувач и надзор на работите предвидени во приложените проекти. Одобрените проекти треба да се реализираат во рок од 12 месеци од денот на потпишување на договорите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања