Во САД денеска се одбележуваат 18 години од терористичкиот напад извршен на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон, кога загинаа речиси 3.000 лица. Нападите се слулија кога терористи грабнаа четири авиона од кои два удрија во кулите близначки – Светскиот трговски центар на Менхетн, еден во Пентагон, а четвртиот се урна во рурален дел на Пенсилванија бидејќи патниците покажале отпор.
Двете кули високи по 410 метри во Светскиот трговски центар целосно се урнаа, а зградата на Пентагон беше значително оштетена.
Обвинувајќи го Осама бин Ладен, лидер на исламските екстремисти кој се криеше во Авганистан за организацијата на терористичките напади, САД на 7 октомври почнаа бомбардирање во Авганистан, а подоцна и со повеќе други акции против Ал Каеда.