Шумската полиција откри голема површина на бесправно исечени стебла од висока букова шума во Шумската стопанска единица „Јабланица“ Струшко во оддел 3, кој според нашите извори од полицијата е недозволен за сеча. Тоа е на границата кај Дебар и Струга. .
Според истиот извор, дрвната маса била транспортирана како да потекнува од Шумско стопанска единица Стогово Дебар оддел 42- а во кој стопанисување врши приватна фирма – оператор, а надзор врз работењето и издавање на документација како да вршат вработени во Национални шуми, објави АЛФА.