„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) На клиниката „Жан Митрев“ излекуван заразен пациент со КОВИД 19, со прочистување на крвта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Zan-mitrev-pacient

Во саботата во доцните ноќни часови бил примен пациент во итна состојба, во хеморагичен шок, заради руптура на абдоминална аневризма. Оваа состојба пациентите не ја преживуваат доколку веднаш не се оперираат, а крварењето се решава со замена на абдоминалната аорта со васкуларна протеза.

— реклама —

Бидејќи од Министерството за здравство е дозволено пациентите со Ковид-19 да се лекуваат во центрите одредени за тоа, од Клиниката „Жан Митрев“ веднаш после операцијата се обиделе да го префрлат таму, бидејќи од хируршка страна бил згрижен (операцијата била успешно направена), но не успеале, со образложение дека капацитетите им се преполни и не го примиле пациентот.

— реклама —

Моравме да продолжиме со лекувањето и следниот ден го ставивме на континуирано испирање на крвта со специјален филтер, кој ги отстранува сите инфективни медијатори, кои се создаваат од било која инфекција во крвта. Оваа метода ја работиме наназад 8 години и со огромното искуство, кое досега го имаме со слични состојби од различни причинители, знаевме дека ова е единственото што може да му го направиме на овој пациент со надеж дека сме му помогнале, бидејќи со Ковид-инфекција во ваква состојба немавме искуство. Вообичаено оваа филтрација се одвива 48 часа континуирано, но кај овој пациент само после 12 часа филтерот комплетно се запуши. Тоа зборуваше за многу ослободени медијатори на инфекцијата и токсини, кои во тоа време циркулирале во крвта“, велат од Клиниката „Жан Митрев“.

Пациентот после оваа филтрација на крвта многу добро се опоравувал, па по два дена направиле повторен тест за Ковид-19, на кој бил негативен. И наредните 3 теста покажале негативен резултат. Така што, после само 6 денови лекување, пациентот во добра општа состојба и негативен на коронавирус го пуштиле дома.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања