Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(Видео) На крадците им паднала круната на кралицата Евгенија што ја украле во Лувр

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryn21d3g907i2tds6W9RJ
YouTube/Print Screen

Во потерата по крадците кои извршија грабеж во Лувр, пронајдена е круната на кралицата Евгенија, објави телевизијата BFM.

— реклама —

Скапоцениот предмет е пронајден во близина на местото на грабежот, најверојатно откако им паднал на крадците кои се обидувале набрзина да избегаат.

Според досегашните информации, крадците успеале да украдат десеттина вредни предмети, чија вредност е „скоро бесценета“.

— реклама —

Опишувајќи ги крадците, француската министерка за култура Рашида Дати рече дека крадците „дејствувале професионално, не користеле насилство и дејствувале без паника“.

Ограбувањето на накитот се случило утрово во времето на отворањето на музејот Лувр, поради што е донесена одлука да се затвори за посетители од вонредни причини.

Инцидентот наводно се случил во моментот кога првите посетители почнале да влегуваат во музејот, по што веднаш била распоредена полицијата, а посетителите биле предупредени да не влегуваат во музејот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања