Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ВИДЕО) На локации во Дојран се снимаат завршните сцени од македонско-грчко-германскиот филм „Зад стоговите сено“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
24022021_Snimanje-na-filmot-Zad-stogovite-seno-vo-Dojran_5

Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски и продуцентот Владимир Анастасов денеска беа во посета на отворен сет за филмот „Зад стоговите сено" кој во моментов се снима на локации низ Дојран.

Лазаревски изјави дека „Зад стоговите сено“ е филм кој е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Северна Македонија, ЗДФ Арте од Германија и Грчкиот филмски центар, Грчката национална телевизија ЕРТ, но е препознаен и од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела - Еуримаж.

„Оваа значајна соработка стана реалност, благодарение на Преспанскиот договор, и истата претставува размена на искуства помеѓу две филмски екипи, на две територии, отсликувајќи ги двата народа во создавањето на најголемото достигнување - филмско дело. Се надевам дека оваа соработка помеѓу соседите ќе се продлабочи и развива и во иднина, вклучувајќи ги сите останати сегменти од културното творење“, кажа Лазаревски.

Продуцентот Владимир Анастасов изјави дека ова е завршниот дел од снимањето на филмот и дека ова е една од првите ко-продукции со Република Грција, и рече дека се надева дека филмот ќе има успешен живот на фестивалите и во кино-салите.

— реклама —

Почесниот Конзул на Република Грција во Северна Македонија Ахилес Ракинас се заблагодари за поканата да присуствува на снимањето на филмот „Зад стоговите сено“, проект кој е од големо значење за двете земји.

„Љубител сум на филмот, ја следам продукцијата од целиот регион, се чувствуваат успесите, затоа верувам дека и овој филм ќе остави белег. Се надевам на идни соработки во секоја област не само во филмот“, рече Ахилес Ракинас.

— реклама —

Режисерката на филмот Асемина Проедроу од Република Грција за филмот рече дека станува збор за рибар кој живее во село на границата помеѓу Република Грција и Северна Македонија.

„Тој се плаши дека ќе оди во затвор заради измама и долгови. За да собере пари почнува да пренесува мигранти со неговиот брод. Главната дилема во филмот е дали да се признае и да се каже вистината или да се сокрие“, го образложи накусо сижето на филмот режисерката Асемина Проедроу.

Снимањето на филмот се одвивa на територија на Грција уште од 13 јануари, а потоа продолжи на локации во Дојран и Гевгелија.

— реклама —

Поради настанатата ситуација со КОВИД-19 и воведувањето на карантин, се промени стратегијата за снимањето на овој филм, којшто сепак успеа да биде комплетиран на сетовите на македонската страна од Дојранско Езеро.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања