Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) На Русковска сите и се криви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
IMG_9225

Обвинителката Вилма Русковска по денешното поднесување на жалбата до Советот на јавни обвинители, каде дојде со обезбедување, рече дека обезбедувањето и е од претходно, а дека сега за сега, немала никакви закани.

— реклама —

-Ова обезбедување ми е од претходно. Сега за сега немам никакви закани, рече Русковска.

Таа рече дека не би шпекулирала дали може да биде разрешена.

— реклама —

Во однос на тоа дали смета дека политиката стои зад нејзината суспензија, бидејќи, „чепнала каде што не треба“, Русковска вели дека не сака да верува во тоа. Ги повика новинарите да истражат и да откријат.

-Професорот Калајџиев инсинуираше дека политиката е замешана во мојата суспензија, но јас не би сакала да поверувам дека некој политичар стои позади сето ова. Јас би ве повикала вас новинарите да истражите кој стои позади ова, рече Русковска.

Посочи дека се сомнева во тоа како ќе се работи предметот против ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, посочувајќи дека нејзината дисциплинска и супспензија ќе имаат влијание и кај колегите.

„Ние со претресот точно набројавме кои предмети требаше да ни бидат доставени. Станува за 250-300 предмети, од кои ни беа доставени триесетина, повеќето од нив воопшто не ги баравме и не ни беа потребни. Се уште немаме доставено скоро ниту еден предмет од тие што ги баравме. Ние имаме право да бараме казнување на институцијата и одговорното лице. Тоа исто така мислев да го сторам вчера, бидејќи вчера помина точно месец откако беше извршен претресот. Ние дадовме рок од 15 дена да бидеме луѓе и флексибилни, мислев вчера да напишам ургенција што би барала од судот казна за институцијата“, кажа Русковска.

Таа смета и дека републичкиот обвинител Љубомир Јовески не е надлежен да одлучува за законитоста на претресот. Русковска не ги демантираше наводите во извештајот направен од двајца обвинители задолжени за надзор врз обвинителството со кое раководеше. Во извештајот стоеше дека на судот му се посочени погрешни факти за да се добие дозвола за претрес, како и дека предметот го водел ненадлежен обвинител.

„Дали е законит претресот или не е законит, исклучиво одлучува судот. Ние како обвинители сме странки во постапката и не можеме да кажеме дали претресот е законит или не е законит. Дотолку повеќе што било кој што сметал дека со претресот му е повредено некое право или е погрешно извршен, имал право на жалба до судот“, кажа Русковска.

Русковска не се гледа како републички обвинител, бидејќи тој се предлага од Владата.

„Не верувам дека ќе бидам нивни предлог“, кажа Русковска, па на прашање дали супспензијата и дисциплинската се притисок од Владата, таа додаде: „Од сегашната не е затоа што јас колку што се сеќавам, уште на старт имаше соопштение од нив дека ја поддржуваат борбата против корупцијата. Не доаѓа од оваа Влада, а ние сме имале други влади претходно“, додаде Русковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања