Трајче Василевски неговата сопруга и трите малолетни девојчиња на 9 год. 4 год и 5 месечно бебе бараат помош. Живеат во влага, немаат мебел, немаат храна. Струјата им е исклучена поради неплатени сметки. Но не е само немаштијата проблем, неговата ќерка која има мака со едното уво и полека оглувува. Трајче моли за работа некоја полесна поради здраствените проблеми кои ги има, но вели да е чесна.
Трајче се обрати за помош, вели се надевам дека преку вашиот медиум нашата мака ќе стигне до оние кои можат да ни помогнат. Тој ни го испрати и видеото кое го има снимено ДОСИЕ каде ова семејство ги раскажува своите проблеми.