Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска пред почетокот на прес конференција се скара со медиумите кои беа присутни на настанот. Тој на арогантен тон на претставникот на МИА му рече: „Ќе се прашам дали друг пат ќе бидете поканети“, откако претходно, реагираше зошто вклучувањта во живо се пред да почне прес-конференцијата.
Јаким Неделков: „Ве замолив да бидете коренктни и да пуштите лајв кога ние ќе кажеме готово, почнуваме.
Медиумскиот работник: „Не, јас кога ќе кажам тогаш ќе почнеме (со лајв)“.
Јаким Неделков: Е па друг пат ќе се прашам и дали ќе бидете поканети.
Според Неделков, медиумите пуштале во живо додека они влегуваат и разговараат, а подоцна се сечело секвенци (делови од видеото) со што ги правеле смешни пред јавноста.
На новинарско прашање зошто смета дека се смешни, Неделков истакна дека нема да одговори и да внимаваат како се однесуваат.