„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

(Видео) Над 1,5 милиони евра месечно губи Комунална хигиена поради девијантни појави од минатото, вели Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција истакна дека над 1,5 милиони евра месечно има загуби во ЈП Комунална хигиена поради како што вели тој девијантни појави од минатото.

„Изминатиов период, девијантните појави од минатото ги исклучуваме да бидат опција. Пример, над 130.000 квадрати во Комунална хигиена се упишани површини коишто, за мене и за раководството сегашно, од нејасни причини во минатото не биле вкалкулирани во пресметките за ѓубретарина наплата. Тоа е над 1,5 милиони евра загубен приход на месечно ниво во претпријатието, вели

— реклама —

И тоа како се спроведувало? Имате индустриска зона, процена си направил некој во минатото дека на 5 објекти треба да им се пресмета целата квадратура и површина, ама на некои не треба, или па треба по малце од тоа што го имаат да им се пресмета. Тоа претпоставувате од какви причини е правно,  е сега нема да може така.

— реклама —

Сега ќе има електронска база во која ќе има точни податоци и сето тоа ќе го вкрстуваме со катастар. Секој кој ќе се обиде да направи таква појаваќе биде строго санкциониран. Е ова е само комунална хигиена. Кога сме кај водовод и канализација во тек е акција во многу правни субјекти каде што има сериозна злоупотреба на вода. Каде што дупли водомери се поставувани во минатото, каде што не се регулира состојбата како што треба и тоа се должи, исто така, на дел од генерираните загуби на претпријатието, дел се должат на односите поврзани со и закоченоста со пречистителната станица, каде што имаме сериозно придвижување напред, но и со ненаплатата на сметки. Ние имаме како лица коишто носиме одговорност пред граѓаните, но и пред законот, да постапуваме и да не доведеме состојба во којашто ќе застарат долгови, знаете и самите.

— реклама —

Тоа е свесно доведување на состоеба да вие го однесете во колапс, претпријатие, град или која било установа. Е, некој го дозволил и тоа во минатото“, вели Ѓорѓиевски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykqs3urdbnug1dF2vSeQ

Комунална хигиена започна со миење на скопските улици и булевари

Скопје | пред 1 седмица

media-librarylmv5hhafuq7a9iCXB3J

Кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје за проневера на јавни средства од над 4,2 милиони денари

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryclv0lbksph8l9tN5528

Отстранети 615 кубни метри отпад, во Чаир 13 записници за кршење на Законот за јавна чистота

Скопје | пред 1 месец

media-library394rmk2fr4fr8OmWH9V

При крајот на оваа пролет ќе се набавуваат камионите за Комунална хигиена-Скопје, а ќе стигаат до крајот на годинава

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања